29 годишна родилка од Куманово е најмладата денешна жртва на Ковид 19

/ 08.08.2021

Родилката имала 29 години и починала на Инфективната клиника во Скопје со компликации поврзани со ковид. Претходно била породена во седмиот месец на бременоста, а бебето е во инкубатор.

Родилката немала коморбидитети и не била вакцинирана против ковид-19.

Таа е од Куманово, а кога состојбата се влошила, таа побарала помош во кумановската болница. По сериозните компликации била препратена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК.

По порадувањето, била префрлена на Инфективната клиника во Скопје. Починала синоќа.


Од истата категорија