Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива, партија која е дел од владеачкото мнозинство, во иднина ќе делува како независен пратеник.
Реџепи денеска упати писмо до Претседателот на Собранието, Талат Џафери со кое го информира дека ќе делува надвор од пратеничката група на Алтернатива.
Партијата влезе во Владата откако не успеаја обидот за формирање на ново парламентарно мнозинство на опозицијата, по што лидерот на Алтернатва Гаши се испазари со СДСМ и ДУИ и влезе во Владата, добивајќи го финансиски мошне доходовното Министерство за здравство.
Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.