Почнаа да пристигнуваат сметките за струја во кои еден дел од потрошеното се пресметува и според новиот начин со поделба на потрошувачката на четири блока. Еден од граѓаните преку ФБ профилот јавно реагира бидејќи првиот блок е до 210 кв часови електрична енергија, а него, 174-те потрошени киловати во јули кои спаѓаат во првиот блок, му ги поделиле во два блока со што вториот блок е поскап.
Граѓаните реагираат иа новиот надомест за пренос и дистрибуција, кој во овој случај, на сметка од 3 500 денари изнесува 1 032 денари, а никој нема поим каков арач е ова и кога воведен.
Да не заборавиме и дека постоеше уште еден веќе подзаборевен ваков арач, кој изнесуваше 33 отсто и претставуваше т.н. моќност, односно се плаќаше 33 отсто плус од сметката затоа што ви обезедувале струја секогаш кога сакате. За да нема реакции тие 33 отсто едноставно беа внесени во цената на киловатите, народот го заборави, а сега се појавува нов арач.
Еве уште еден пример: