Во танзанискиот град Дар ес Салам утрово е киднапиран најмладиот африкански милијардер Мохамед Дуџи.
Тој е киднапиран од фитнес центар, пред да тргне на работа, од двајца бели маскирани мажи, кои пукале во воздух и биле со автомобил.
Поради киднапирањето на 43-годишниот Дуџи засилени се безбедносните мерки на сите гранични премини и аеродроми, со цел да се спречи киднаперите да ја напуштат Танзанија.
Форбс во 2016 година богатството на Дуџи го процени на 1,5 милијарди долари.