Патници полека се подготвуваат за најдолгиотлет – маратонски 19 часа во воздух меѓу Сингапур и Њујорк.

Двајца пилоти, 13 членови на екипаж, мени за здрава храна и видеотека ќе ги следат патниците на патот долг 16.700 км до Големото Јаболко.

Летот е денеска во 17.35 по средноевропско време. Сингапур Ерлајнс за летот ќекористи Ербас А350-900 УЛР, кој може да прими 161 патник – 94 во економска класа и 67 во бизнис класа. Класична економска класа – нема.

Пилотите ќе се менуваат така што секој ќе има најмалку осум часа одмор за време на летот.