Жена е тешко повредена во несреќа што се случи вчера кај Берово.
Како што соопшти МВР, во 11:15 часот во ОВР Берово било пријавено дека во с.Русиново, беровско, патничко возило „опел“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Д.Т. од с.Русиново, удрило во ограда од двор од куќа и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.С.(44) од с.Елшани, охридско, констатирани во болницата во Берово.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Берово.




