4 април – ден на жалост во Кина

/ 03.04.2020

Кина го прогласи 4 април за Ден на жалост во земјата и со триминутно молчење ќе им оддаде почит на жртвите од новиот коронавирус.

Државниот совет на Кина одлучи 4 април да го прогласи за Ден на национална жалост за жртвите кои починаа како последица на пандемијата на Ковид-19, и за здравствените работници, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат луѓето, објави кинеската национална телевизија.

Според одлуката, утре во земјата сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, како и во кинеските амбасади и конзулати во странство. Ќе бидат откажани сите јавни активности и настани. Во 10 часот по локално време со триминутно молчење, Кина ќе им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.

Бројот на заразени лица со коронавирус во Кина од декември 2019 година досега изнесува 81.620, а починаа 3.322.


Од истата категорија