Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 август

Денеска е Св. маченици Агатоник, Зотик и други

Денешниве маченици Агатоник, Зотик, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други со нив беа фрлени в затвор во градот Никомидија, како христијани, при еден прогон за време на римскиот цар Максимијан. Оттука беа препратени во Визант. По патот многу од нив потклекнаа од измачувањата и од исцрпеност, а свети Агатоник со останатите беше убиен пред очите на царот во местото Силимврија, во Тракија. Така пострадаа овие свети маченици и се преселија во радоста на својот Господ.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Розалија.

Таа била најпозната светица во Палермо, Италија. Била родена во Палермо. Работела во дворецот на кралицата Маргарета, жената на кралот Вилим. Потоа го напуштила кралскиот дворец и стапила во редот на сестрите августинки. Сакала да живее пустински живот и се повлекла во Монте Пелегрино, во близина на Палермо. Живеела строг покорнички живот. Света Розалија умрела во 1160 година. Нејзините реликвии се наоѓаат во катедралата во Палермо.