Силен потрес вечерва се почувствува во југозападна Македонија, а граѓаните на социјалните мрежи алармираат дека тресело во Битола, Охрид, Струга…

Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција во 31 минута по полноќ по локално време односно во 23 и 31 часот по македојско време.

Според првичните информации, јачината изнесувала 5.2 степени според Рихтеровата скала.

Засега неме повеќе информации за евентуални штети.