Според последната анкета на ИПИС, 31,2 насто целосно позитивно ги оцениле 100-те дена работа на Владата, а 25,2 насто делумно позитивно, што би дало вкупна бројка од 56,7% позитивно мислење за работата на Владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Целосно негативно, работата на Владата во првите 100 дена ја оцениле 19,8 насто од граѓаните.
Ова е последната анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел – едната во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.