Комеморација по повод 75-годишнината од сојузничката инвазија во Нормандија во Втората светска војна се одржува во Портсмут, јужна Англија.
На церемонијата присуствуваа 300 ветерани и британската кралица Елизабета Втора, американскиот претседател Доналд Трамп и лидери на земји воени сојузници како и германската канцеларка Ангела Меркел.
Церемонијата започна со аплаузи на ветераните, а на видео-бим беа емитувани сеќавањња на учесници на „Денот Д”.
Сојузничките војници почнаа да се качуваат на бродови во Портсмут на 5 јуни 1944 година, а на 6 јуни, во зори, нападнаа во Нормандија. операцијата е наречена Оверлорд затоа што преку Англискиот канал, во повеќе од 5.000 бродови и 10.000 авиони биле превезени 156.000 американски, британски и канадски трупи.
Во чест на ветераните кои учествуваа во нападите во Нормандија, пред церемонијата, околу 200 падобранци скокнаа на полињата околу градот Карантан во Нормандија, што беше една од првите цели на сојузниците на 6 јуни 1944 година.