Од верските календари

8 октомври 2018

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 септември

Денеска е Преподобна Ефросинија

Црквата ги нарекува преподобни оние кои станаа толку слични на Христос пред се со нивната смиреност и љубов, што е тешко да се разликува нивната смиреност од врвната смиреност што ја покажа Христос во Евангелието. Во црковнословенскиот јазик претставката пре- одговара на нашата нај-, а подобна значи слична. Таква најслична на Христос, беше и оваа Ефросинија, родум од Александрија. Уште додека беше млада, го засака девствениот живот, се преоблече во машко одело и се пријави на игуменот на еден манастир, под името Измарагд. После 38 години подвижнички живот, таа му се претстави на Господа и дури тогаш се откри дека одличниот Измарагд е, всушност, оваа блажена Ефросинија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денаска е Светиот старец Шимун.

Според евангелието по Лука, глава 2, ред 25, тој е праведен и Свет Старец кој го примил малиот Христос во прегратки кога Света Богородица го покажала во храмот во Ерусалим, 40 дена после неговото раѓање. Неговото свето тело, источно – римските цареви од Ерусалим го пренеле во Цариград. За време на крстоносните војни, млетските крстоносци го зеле сакајќи да го пренесат во Венеција, но бродот на чуден начин застанал кај Задар каде што и ден денес се наоѓа неговото Свето тело во прекрасен саркофаг во црквата на црквата на Светиот Шимун. Верниците му се молат за помош за свет и праведен живот.