Македонија, освен храна, има и најефтини алколохол и цигари во Европа, односно во споредба со членките на ЕУ (статистиката ги опфаќа и државите кои не се членки на ЕУ, освен Молдавија, Украина, Белорусија и Русија). Кај нас, цигарите и акохолот се на ниво од 41 отсто од просекот во ЕУ (ако кутија цигари или литар алкохол во ЕУ просечно чини 100 денари, кај нас е 41 денар), и тука сме далеку дури и од следната по ред држава како Србија, каде истите производи чинат само 52 отсто во однос на ЕУ просекот. Следат БИХ и Албанија, а од земјите членки на ЕУ, најефтина е Бугарија со 56 отсто. Романија е на ниво од 69 отстѕо, а следи Словачка со 72 отсто.

Цигарите и алкохолот се најскапи на Исланд и таму се 228 отсто во однос на просекот во ЕУ, а тука е и Норвешка со 226 отсто. Од државите членки на ЕУ, овие производи се најскапи во Ирска со 174 отсто. Оваа исправна политика на цените која поаѓа од тоа дека колку алкохолот и цигарите се поскапи, толку помалку ќе се конзумираат, ја следи само уште Велика Британија со 156 отсто. Далеку под ова ниво се скандинавски земји: Финска со 139 отсто, Данска со 130 отсто и Шведска со 127 отсто.

Интересно, во Германија, цигарите и акохолот чинат помалку од просекот во ЕУ – 96 отсто.