Повеќе од 87 проценти од штрајкувачите во образованието и градинките во Охрид не се задоволни од понуденото решение од Владата и се за продолжување на штрајкот до исполнување на барањата, пренесува Охрид њус.
Претседателката на Регионалниот одбор на СОНК Катерина Крстеска појасни дека 87, 13 проценти од 692 штрајкувачи биле за продолжување на штрајкот, 7,5 отсто се против штрајк и сакаат да се вратат на работните места и 5,34 биле воздржани или од различни причини не се изјасниле.
Таа изрази надеж дека и на државно ниво мнозинството ќе се изјасни за продолжување на штрајот, до исполнување на барањата.
Се надевам дека мнозинството од членството, односно штрајкувачите на државно ниво ќе се изјаснат за продолжување на штрајкот и конечно реосрните министерства и Владата да излезат во пресрет за надминување на проблеот и долгорочно решавање на системот на плати во образование и градинки, кое ќе биде прифатливо за штрајкувачите, истакна Крстеска.
Според неа, охридските штрајкувачи се изјасниле за системско решение на долгогодишниот проблем со покачување на минималната плата да има порамнување и на останатите плати согласно постоечкиот колективен договор.