ВМРО-ДПМНЕ останува на 59 мандати и по преброени 89,04% од гласовите, според проекциите на Државната изборна комисија.
СДСМ презеде еден мандат од ДУИ и сега е на 19 пратеници во Собранието, додека ДУИ се спушти на 18.
Останатите остануваат на исто, коалицијата „Вреди“ освојува 13 пратенички мандати. Во Собранието влегуваат и 6 пратеници на Левица, а на 6-тата позиција е ЗНАМ која треба да пополни 5 столчиња во Собранието на Република Северна Македонија. .
ДИК Број на мандати: ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 19, ДУИ 18, „Вреди“ 13, Левица 6, ЗНАМ 5 (обработени 89,04% гласови)