Ерџан Селими, претседателот на партијата РОМ и советник од Коалицијата „За подобра Македонија“, на седницата во градот Скопје посветена на советнички прашања директно го прозва градоначалникот Петре Шилегов дека не се грижи за граѓаните на општина Шуто Оризари и дека не се негов приоритет неразвиените подрачја на градот.
– Дали знаете со какви проблеми се соочуваат жителите на Шуто Оризари, при најмал дожд има езеро, не функционира атмосферска канализација, а вие не превземате активности за санација на проблемот, го постави прашањето Селими до градоначалникот Шилегов.
Тој посочи дека Шилегов изразил непочитување кон граѓаните на Гази Баба, бидејќи ништо не е направено за изработка на проектот на булеварот „Александар Македонски“ во делот на агро сервис, нешто што ги прави граѓаните нервозни поради сообраќајниот хаос.
Шилегов одговори дека немал пари за двата проекти, бидејќи се работел и проект за улицата Индира Ганди и посочи Селими да одбере еден од овие два проекти да ги реализира.
На ова, Селими одговори дека не е дозволено и не е вкусно да има ваков тип на пазарџиска политика, бидејки градоначалникот ги ветил двата проекти и треба и двата да ги релизира, бидејки тоа го очекуваат граѓаните.