Две лица загинаа и еден полицаец е повреден во пукање во американската држава Мисисипи.

Пукањето се случило во супермаркетот Волмарт каде еден вработен убил двајца колеги и ранил полицаец кој останал жив затоа што носел панцир.

Друг полицаец го ранил напаѓачот и тој сега се наоѓа во болница во Мемфис.