Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Ангел Кореа, се согласил со Милан за личните услови, додека клубовите се уште преговараат за износот на трансферот.
Според „Диарио АС“, Росоњерите понудиле 40 милиони евра за крилниот играч на Аргентина, додека Шпанците бараат 50 милиони евра.
Кореа се гледа како замена за Патрик Котроне кој замина во Волверхамптон, но тренерот на Атлетико, Диего Симеоне се уште размислува дали да го продаде.
Аргентинецот Кореа има договор со Атлетико до 2024 година, но се очекува да биде продаден овој преоден рок, бидејќи во изминатите четири години постигнал само 30 голови. Инаку, клаузулата во клубот од Мадрид му изнесува 100 милиони евра, но се очекува договорот да падне на 40 милиони евра плус пет милиони евра бонуси.