Новиот тренер на Интер, Антонио Конте непосредно пред стартот на сезоната во Серија А, доби лоша вест – новото засилување Диего Годин се повреди за време на тренингот.

Поради здобиените повреди Годин ќе паузира најмалку три недели, што значи дека тешко ќе настапи на првиот натпревар од следната сезона против Лече на 26 август во Џузепе Меаца.

Годин стигна во Интер од Атлетико Мадрид како слободен играч, а на екипата и се приклучи пред 10 дена бидејќи добил одмор после Копа Америка, на која играше како член на репрезентацијата на Уругвај.