Додека вкупната излезност на гласачите низ цел Израел изнесува 74,3 отсто до 20 часот, некои градови забележаа значително повисоки стапки, според податоците од Централната изборна комисија.
На врвот на листата е централниот крајбрежен град Бат Хен, каде што огромни 97,9 проценти од запишаните гласачи го оствариле правото на глас. Вкупно, во Бат Хен беа гласале 423 избирачи, јави Тајмс оф Израел. Многу други мали градови имаат слични високи стапки на излезност.
Меѓу поголемите градови, отстапуваат Рош Хаајин со 79 отсто излезност, односно 42.235 гласови; бедуинскиот град Рахат со 79,8 отсто односно 34.707 гласови; и Модиин Илит со 77,3 проценти односно 30.430 гласови.
Тел Авив бележи излезност од 63,6 проценти до 20 часот, односно 301.639 гласови, по што следи Ерусалим со 62 отсто, односно 282.870 гласови; и Хаифа со 59,8 отсто односно 160.146 гласови. (МИА)




