Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Поповиќ конечно има 16 играчи со кои на 5 август заминува на подготовки за Светското првенство во Кина.

Американската репрезентација се соочи со огромни проблеми откако беа поднесени голем број на откази на кошаркарите од настапите за репрезентацијата.

Најголемите светски ѕвезди и рекоа „не“ на националната репрезентација ова лето, па селекторот Поповиќ константно мораше да повикува нови играчи.

Сега конечно искусниот експерт коначно има 16 играчи, меѓу кои се Харисон Барнс (Сакраменто Кингс), Џејлен Браун (Бостон селтик ), Кајл Кузма (ЛА лејкерс), Брук Лопез (Милвоки Вакс), Кајл Луори (Торонто репторс), Крис Мидлтон (Милвоки бакс), Донован Мичел (Јутах џаз), Масон Плумли (Денвер нугетс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс), Маркус Смарт (Бостон селтикс), Џејсон Татум (Бостон Селтикс), ПЈ Такер (Хјустон Ракетс), Мајлс Тарнер (Индиана Пејсерс), Кемба Валкер (Бостон селтикс), Тадеус Јанг (Чикаго булс), Бам Адебајо (Мајами Хит).

Светското првенство во Кина ќе се одржи од 31 август до 15 септември, а САД е во групата Е, заедно со Турција, Чешка и Јапонија.