Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка на ИТФ W50 Истанбул турнирот со победата над третата носителка и домашна тенисерка Берфу Ченгиз. Taa постигна победа од 2-1 во сетови (3-6, 7-6/1, 6-4) за 162 минути игра.
Ова беше втора победа за македонската тенисерка во третиот меѓусебен меч.
Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против Ралука Шербан од Кипар, која денеска победи против Екатерина Тупицина со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Ова ќе биде нивни осми меѓусебен меч, а скорот е 4-3 во победи за Ѓорческа.
Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.




