Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал по третпат по ред е добитник на признанието за најдобар млад фудбалер на годината, откако претходно триумфираше во 2024 и 2025 година.

Ламин Јамал испишува историја, станувајќи првиот фудбалер кој три години едноподруго ја освојува престижната награда „Копа“, која ја доделува „Франс Фудбал“ за најдобриот играч во светот до 21 година.

Јамал зад себе има уште една извонредна сезона во дресот на каталонскиот гигант, во која беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата во Ла Лига.