Пред натпреварот во ЛШ помеѓу Вардар 1961 и Мелсунген, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, ги истакна клучните точки. Тој вели дека германскиот тим Мелсунген ја има фаворитската улога, со оглед на нивниот квалитет и искуство во европските натпреварувања.
„За жал ни следи последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген доаѓа тука да ја избори главната фаза, а ние да покажеме дека по два домашни порази повредени сме во клупската гордост. За навивачите и за сите околу амбиентот треба да се оддолжиме. Победата во Нант и евентуалната победа над Мелсунген нека биде порака до сите да не се откажуваат од нас.
Имаме уште многу до крајот на сезоната, и во Европа и во домашниот шампионат и треба да се поправиме за двата домашни порази. Време е тој негативен тренд да го прекинеме“, вели хрватскиот стратег
Чупиќ се осврна и на подготовката на натпреварот кој не значи ништо, спротивно од очекувањата да одлучува за пласман во следната фаза,
„Би сакал да играме под притисок и да игравме за пласман во следната фаза. „Скапо ја продадовме кожата“, бевме конкурентни, но недоволно добри за да завршиме меѓу двете најдобри екипи во групата, Полесно беше да подготвуваме натпревар кој значи пласман во следната фаза. Оваа недела ни е многу важна, завршна недела е пред ЕХФ-прозорец. Потоа ќе повлече црта на една четвртина од сезоната.
Верувам дека можеме да врземе серија на победи во низа. Досега немавме таква можност, сега имаме 3-4 победи во серија, па мислам дека време е за поголема серија. Такви победи носат самодоверба, поттик и тоа е наша цел во овој период.




