Екипата на Пелистер стигна до втората победа во македонската Суперлига откако славеше во ефикасната пресметка со актуелниот вицешампион Скопје со 101-94.

Кочовиќ, кој пред десетина дена пристигна во Битола, повторно беше најдобар стрелец на Пелистер со 31 поен.

Во таборот на Скопје, извонредниот центар Паркер забележа 25 поени и 11 скокови, но неговиот настап не беше доволен за да се избегне поразот.

Екипата на Кожув излезе како победник од пресметката со Тиквеш, со триумф во Гевгелија со 90-81 со кој ја запиша третата победа во четвртиот натпревар од сезоната под водство на тренерот Миодраг Тодоровиќ.

Армстронг беше најдобар стрелец на натпреварот со 24 поени, додека Бојчев постигна 20 за Кожув.

Значаен придонес имаше и младиот Кузманов, кој запиша 10 поени, две асистенции и три украдени топки. Во редовите на Тиквеш, најрасположени за игра беа Смит со 23 и Сјукс со 15 поени.