Манчестер Јунајтед доживеа нов тежок пораз на „Олд Трафорд“, откако Борнмут славеше со убедливи 3-0.
По натпреварот, Керик призна дека не знае што му носи иднината, додека навивачите на „Олд Трафорд“ го изразија своето незадоволство со свирежи.
„Ова е тешка ситуација и нема бегање од тоа. Навистина не знам како изгледаат работите и што следува понатаму. Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за клубот и тоа нема да го сменам сега. Го сакам она што го работам и ја чувствувам одговорноста. Ќе мора да почекаме и да видиме“, изјави Керик за „Скај Спортс“.
Клубот од Манчестер осум натпревари во низа не знае за победа, а на последните 12 натпревари има само две победи.




