Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, победник на предвремените парламентарни избори во Србија.

-Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави, објави Мицкоски.