Маж за кој постои сомневање дека е заразен со ебола пристигна од Нигерија во Швајцарија, каде што беше примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпаролот на болницата, пренесуваат британските медиуми.

Нигериската влада претходно објави дека жена заразена со ебола, сопруга на швајцарски дипломат, отпатувала во Швајцарија утрово со специјален лет за медицинска евакуација. Нејзиниот сопруг, исто така, бил во авионот. Според интернет-страниците за следење на летовите, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е однесена во Женева на лекување.

Властите во Женева одбија да коментираат за случајот, велејќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

МИА