Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои законот предложен од Володимир Зеленски, за продолжување на воената состојба за 90 дена, како и законот за продолжување на општата мобилизација за истото време, што го вклучува периодот од 1 ноември до 29 јануари 2027 година, објави парламентот денеска на својата интернет-страница.
Од почетокот на целосната руска инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Врховната рада континуирано ја продолжува воената состојба во интервали од 90 дена.
На 29 декември 2025 година, Зеленски изјави дека Украина ќе ја укине воената состојба (која, меѓу другото, им забранува на украинските мажи кои се предмет на мобилизација да ја напуштат земјата) дури откако ќе заврши војната со Русија и ќе бидат обезбедени безбедносни гаранции.




