Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, со кој македонската машка ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028, се веќе достапни во продажба.

Натпреварот ќе се одигра на 4 ноември (среда), со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Навивачите можат да ги набават билетите онлајн преку платформата МкТикетс, на следниот линк: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/

Македонските ракометари ќе имаат можност пред домашната публика да го отворат новиот квалификациски циклус, а поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за успешен старт.

Да ја обоиме салата во црвено-жолто! Сите за Македонија!