Шпанскиот голман Унаи Симон е добитник на трофејот „Лев Јашин“ за 2026 година, признание кое му се доделува на најдобриот голман во светот на церемонијата на „Златната топка“, во организација на „Франс Фудбал“.

Симон особено се истакна на Светското првенство во 2026 година, на кое со Шпанија ја освои светската титула и ја доби „Златната ракавица“ за најдобар голман на турнирот.

Во женска конкуренција, најдобра голманка е Катарина Кољ која го чува голот на Барселона.