Левичарот Андрес Мануел Лопес Обрадор е новиот претседател на Мексико, покажуваат прелиминарните резултати по вчерашните избори. Изборната комисија по брзото пребројување на гласовите доцна синоќа соопштила дека Обрадор освоил нешто над 53 отсто од гласовите. Тоа беше негов трет обид да стане претседател
Откако прогласил победа, Обрадор во своето кратко обраќање рекол дека ќе се залага за помирување, а во кампањата нагласил дека ќе работи на трансформација на Мексико, како и дека ќе ја исфрли мафијата од владината структура во земјата. Тој истакнал дека планира да воспостави автентична демократија и дека нема намера да воспостави диктатура.
Досегашниот претседател, Енрике Пења Нијето, во телевизиско обраќање му ја честита победата на Обрадор и вети мирна транзиција на власта.
Изборнбата кампања беше проследена со бран вооружено насилство во кое беа убиени повеќе од 130 локални политичари.