Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, кој е во конфликт со канцеларката Ангела Меркел по прашањето за политиката на бегалците, решил да си даде оставка од функцијата. Тоа доцна синоќа го соопштиле извори блиски до баварската партија ЦСУ.

Зехофер имал намера да го напушти и претседателството на партијата, инаку член на кревката владина коалиција, пренесоа синоќа медиумите повикувајќи се на АФП.

Зехофер ја соопштил намерата на состанок на паријата во Минхен одржан вчера. По две недели напрегнати односи во коалцијата, посебно по најавата на Меркел за нови мерки кон мигрантите, оценети како недоволни, тој решил да си замине.

Неговата партија бара сите мигранти да бидат вратени од последната држава од која влегле во Германија.

Меркел одбила да ја прифати идејата плашејќи се од домино ефект во цела Европа. Таа смета дека може да ја намали напрегнатоста во коалицијата благодарение на помеки мерки.

Со заминувањето на Зехофер, можно е Германија да влезе во политичка криза, која всушност трае од периодот по изборите во 2017 година кога едвам беше составена владата. Една од опциите е да има нови избори на кои Меркел може да загуби.

Ипадна дека Меркел постигнат некаков договор со своите европски колеги, но не може да најде заедничко решение во Берлин и тоа со сестринска партија. Дека работите се отидени подалеку е јасно, па затоа денеска ЦДУ и ЦСУ одржуваат „кризни разговори“.