Секој ден сум пред граѓаните со зборови кои тежат, изјави доцна попладнево пратеникот и портпарол на владејачкиот СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој е неуморен во држењето прес-конференции и како да му се малку, па активностите во реалниот живот ги продолжува и во виртуелниот свет. Тој попладнево по денешната пладневна прес -конференцијата се огласи и преку социјалните мрежи:
– Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност. Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ. Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев: Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања, побара Костадинов во попладневната сесија на Фејсбук.