Дваесет и тригодишната Барбара е првата што проговори пред јавноста за она што гласно се молчи, за зоофилијата и за нејзиното стапување во бркот нејзиниот пес љубимец.
Таа со восхит го претстави сопругот пред групата новинари: Рудолф, напуштен доберман што го нашла во засолниште за животни во јануари 2015 година и со кого тврди дека е врзана со искрена и взаемна љубов. Тие веќе стапиле во брак.
– Рудолф и јас комуницираме на свој начин. Тој разбира што се случува и важноста на заедницата што ја славиме, тој не го сфаќа бракот како нас луѓето, секако, но го сфати на свој начин… Покрај тоа, тој веќе го одбра својот кум: Цезар, 12-месечен Јоркшир, кој ја сфати сериозно неговата улога, со гордост говори невестата Барбара.
Долго време младата жена се обидувала да ги убеди новинарите во валидноста на нејзиниот неприроден брак, за сите потешкотии со кои се соочиле како двојка итн. но таа била многу помалку разговорлива кога ја прашувале за нејзината сексуалност:
– Што Рудолф и јас правиме во кревет или каде било да не ве загрижува! Имаме сексуална интимност, како и сите парови, а принципот на интимност е дека тоа е нешто интимно за кое не треба да зборувам, вели Барбара.
Рудолф, бидејќи е куче нема легално име и презиме, Барбара му го дала нејзиното презиме за нивната заедница да биде комплетна.
Ова е најбизарното нешто што се случило во Норвешка досега, и останува да се запрашаме кон каде тргнал светот со принципите и сфаќањата. Зоофилија или вистинска љубов?
Норвешката влада нема дадено официјална изјава и потврда за легализацијата на наводната зоофилија.