Нина Ангеловска, предлог кандидатка за министер за финансии во Владата на Зоран Заев, се јавува како една од сопствениците на фирмата „Декодикс“, која беше дел од скандалот со доделување на средства на Фондот за иновации на фирми блиски до СДСМ, пишува порталот „Сведок“.
Фирмата „Декодикс“, која доби 330.000 евра од Фондот за иновации, стана позната, како фирма на снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез, која подоцна се повлече од сопственичкиот дел за фирмата да ги добие парите.
Централниот регистар постапувајќи по пријавата за упис на промена – истапување на основач со пренос на удел, во октомври 2018 година, го избриша името на Христина Керкез. Како сопственици на „Декодикс“ остануваат Горан Кунгуловски, Иван Кунгуловски и Нина Ангеловска, пишува Фактор на 10 октомври 2018 година.
Откако изби скандалот со случајот со снаата на Цветанка Ласкова, советничката на премиерот, како прв основач на фирмата е заведена Нина Ангеловска, позната како Нина Групер, која сега Зоран Заец ја предлага за министерка за финансии.
„Декодикс“ како микро-претпријатие од ИТ-секторот за проектот „Декодирај ме“ доби неповратни средства од 19,95 милиони денари и заедно со своето учество од 8,56 милиони денари направи вкупен буџет од 28,5 милиони за иновацијата, меѓу десетици други компании-добитници.
Сето ова, од пратеничката говорница, денеска го истакна и Лилјана Затуроска од редот на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа наведе дека Нина Ангеловска, канидатката за министер за финансии, е сопственик на фирмата Декодикс ДОО која е добитник на грант од 20 милиони денари од Фондот за иновации.
Фирмата Декодикс ДОО во јавноста стана позната по тоа што за време на скандалозната распределба на грантови од Фондот за иновации беше обелоденето дека еден од нејзините сопственици беше и Христина Керкез, снаата на Цветанка Ласкова, која потоа побара изземање од сопственичката структура, што беше потврдено и од директорот Јован Деспотовски.
– Централниот регистар постапувајќи по пријавата за уписна промена и стапување на основач со пренос на удел го избриша името на Христина Керкез и сега како сопственици на Декодикс остануваат Горан Конкулвски, Иван Конкуловскии и нашиот кандидат за министер за финансии, Нина Ангеловска, истакна Затуроска.