Националист од Скопје развеа црвеното знаме со сонцето од Вергина (од Кутлеш) на грчкиот фестивал во селото Керасиа во Пела, пишува грчкиот портал Прототема.
Фестивалот „Керасиотика“ траел три дена минатата недела, а бил организиран од Културната асоцијација „Аристотелис“.
Прототема пишува дека ова е еден од настаните каде „жителите од овие краишта сакаат да покажат дека се Македонци во Северна Грција кои се угнетени од властите“.
– Годинава, поради договорот од Преспа, неколку Македонци ја преминаа границата како засилување на локалните жители. Тие беа гости на добро познатиот деформиран свештеник Никодим Царкњас. Се појавија провокативно, веејќи го знамето со сонцето од Вергина, кое неодамна беше забрането за употреба во Скопје поради договорот од Преспа, пишува Прототема.