Возачот на Ферари Шарл Леклер ја освои Големата награда на Белгија која се возеше на Спа-Франкошамп, со што ја постигна својата прва победа во Формула 1.
Леклерк вчера беше најдобар во квалификациите и денеска стартуваше од „пол-позицијата“, во текот на трката успеа да ги одбие нападите на Луис Хамилтон за на крајот да стигне до својата прва победа во Ф1.
Второто место му припадна на Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, кој на крајот имаше заостанување зад Леклер +0.981, а третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Валтери Ботас од Финска со заостанување од +12,585.