Водителката Лила Филиповска утрово повикана во ОЈО на распит за случајот „Рекет“. Неофицијално, таа е повикана на распит оти во два наврата му префрлила на Бојан Јовановски-Боки 13, големи суми на пари, 13 и 20 илјади евра.

На 15 јули, кога се случи апсењето на Боки 13, кој сакаше да ја напушти државата со полна торба пари, Лила беше со него во автомобилот.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.