Новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили денеска ја презеде функцијата министер без ресор од Зоран Шапуриќ кој беше на должност од јуни 2017 година.
На средбата, информират од Кабинетот на Џемаили, се разговараше за инвестициската клима, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и за предизвиците на домашната економија.
-Моето дејствување како министер задолжен за домашните компании ќе биде во насока на остварување на мисијата на Владата за еднаков третман на домашните и странските компании, како и давање на систематска финансиска помош на компаниите со цел зголемување на домашното производство и нови
вработувања. Сигурен сум дека со реализирање на економскиот план на Владата ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се придонесе за задржување на работниците на домашниот пазар, истакна министерот Џемаили.
Ќе се заложам, додаде, за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните бизниси како и
нивно меѓусебно вмрежување.