Претседателот на мрежата на врховните судови на земјите членки на ЕУ бара итен состанок со идната претседателка на Европската Комисија за да ја предупреди дека европскиот правен поредок е загрозен.
Во писмо објавено денеска и потпишано од мрежата на врховни судови на земјите членки на ЕУ, како и европското здружение на судии и европската мрежа на судски совети, се алармира дека претседателката Урсула фон дер Лејн дека „повеќе земји членки систематски ги поткопуваат темелните вредности врз кои е заснована Унијата“.
– Посебно независноста на судството е под силна закана и сепарацијата на властите меѓу извршната и судската се расклопува, пишува претседателот на мрежата на Врховните судови на ЕУ, Жан Клод Вивиниус.
Вивиниус од Фон дер Лејн бара итна средба за судските професионалци за да и ги изложат „бројните примери“ на „уривање на судската независност во некои земји членки“.
– Овие земји членки сакаат да го употребат судството во нивните земји пред сѐ како алатка за владина политика. Уништувањето на судската независност ќе има сериозни последици за граѓаните на земјите членки, ќе им наштети на инвестициите и на взаемната доверба меѓу земјите членки, која е витална за борбата против организираниот криминал во Унијата, се наведува во писмото.
Организациите предупредуваат дека „еднаш кога судството е само алатка на власта, тоа веќе не може да ги штити правата на граѓаните на Европската Унија“.
– Такво судство не би можело веќе да има доверба, според нашата проценка, целосно одвоена од политички ставови, оваа ситуацијата ги става во опасност не само сржта на нашите заеднички вредности, туку и ефикасноста на ЕУ во целост, пишува Вивиниус.