Германски суд пресуди дека мамурлакот е болест, во судски процес за додаток во прехрана кој се рекламира како „пијалак против мамурлак“.

Државниот суд во Франкфурт пресуди дека рекламирањето на обвинетата фирма, која не е именувана, ја крши забраната за припишување способности на прехранбените производи да спречат, третираат, или лекуваат болест. Исто така ја отфрли жалбата на иста пресуда од пониска судска инстанца.

Судиите утврдиле дека болеста треба да се дефинира широко во интерес на заштита на човековото здравје и соопштија дека тој термин опфаќа „каков било, дури и мало или привремено пореметување на нормалната телесна состојба или нормална активност, стои во судското соопштение.

Таа состојба, тврдат тие, вклучува главоболки и останати симптоми кои се резултат на консумирање алкохола како „штетна супстанца“.