Велосипедистка од Полска се здобила со тешки телесни повреди откако вчера во 13:00 часот на патот од село Трпејца до село Стење, охридско, изгубила контрола и паднала на колозовот.

Како што информира МВР, 48-годишната В.У.Е. од Република Полска била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.