Во кинеската покраина Јунан, полицијата уапси 62-годишен маж кој бил во бегство 17 години, откако со помош на дронови го откриле неговото засолниште.
Сонг Јианг, осуденик за трговија со жени и деца, во 2002. побегнал од затворскиот логор. Оттогаш со години живеел во мала пештера во планината близу неговото родно место, целосно отсечен од цивилизацијата, објави Би-би-си.
Полицијата добила дојава за локацијата на Сонг на почетокот на септември, но по неуспешната теренска потрага, властите употребиле дополнителни беспилотни летала. Така, пештерата на бегалецот била најдена.
Според полициските извештаи, поради тоа што долго време живеел сам, на човекот му било тешко да комуницира со службениците.
Осуденикот е вратен в затвор.