На 27.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 23:40 часот на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.Т.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Д.П.(27) од Велес, констатирани во Општа болница Велес, информира МВР.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.




