Пратеникот на СДСМ и нејзин бивш генерален секретар на Фејсбук објави селфи од неговиот показалец како притиска копче „за“ повисока плата на јавната администрација во Собранието на Република Македонија.

– „За“ покачување на платите за вработените во Јавниот сектор за 5 отсто. Чекор по чекор до повисок животен стандард. Зборот збор!- објави Кирацовски на Фејсбук, заедно со „политичко-порно“ фотографија од неговиот показалец како дава глас за повисока плата на администрацијата.

И се би било во ред, за тие што ги заборавиле колумните на Кирацовски кои ги пишуваше како поранешен опозиционер за „преголемата и неефикасна администрација“. Но, денес тој е власт и почувствувал потреба дури и показалецот да ни го прикаже на фотографија, како во Собранието дава глас за поголема плата за истата дури сега уште побројна администрација.