Селекторот на Интер, Антонио Конте изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку треба да тренира повеќе.

Белгиецот дојде во клубот Милан во летниот трансфер прозорец.

– Ромелу е сигурно добар играч, но треба да тренира повеќе. Тој е фудбалер со моќно тело и на кое му е потребно многу тренинзи и натпревари за да биде во добра форма, изјави Конте.

Дваесет и шестгодишниот Белгиец оваа сезона има постигнато три гола.

Претходните три години играше за Манчестер Јунајтед, а во својата кариера има настапувано и за Евертон, Челзи, ВБА и Андерлехт.