Алексеј Леонов, првиот човек што шеташе во вселената уште во 1965 година, почина денеска во Москва, на 85-годишна возраст.
– Леонов почина во болницата Бурденко по долго боледување и ќе биде погребан на Федералните воени гробишта на 15 октомври, изјави за ТАСС неговата секретарка Наталија Филимонова.
Леонов двапати претстојуваше во вселената, при што летовите траеја вкупно седум дена.
За време на неговиот прв лет во 1965 година, тој влезе во историјата како прв човек што шетал во вселената, каде мина 12 минути.
За време на вториот лет, во 1975 година, тој беше командант на екипажот што учествуваше во меѓународна мисија што слета на вселенското летало Сојуз-19 и американскиот Аполо-18.
Леонов требаше да биде првиот астронаут од Советскиот сојуз кој слетал на Месечината, но таа мисија беше откажана.