Програмата на „Киненова“ продолжува со фокус кон современата унгарска кинематографија и проекции на четири филмови во термините од 20 часот, а од 18 часот ќе има репризни проекции на филмовите од официјалната селекција.
Во репризниот термин од 18 часот денеска ќе биде прикажан грчкиот филм „Сожалување“ на Бабис Макридис, а во 20 часот ќе има проекција на „Нежен син – прокетот Франкенштајн“ на унгарскиот режисер, Корнел Мундручо.
Утре, на последниот фестивалски ден, во 18 часот ќе има репризна проекција на македонскиот фаворит „Медена земја“, во 20 часот ќе биде прикажан вториот филм на Мундручо „Јупитеровата месечина“, а во 22 часот рускиот „Човекот кој ги изненади сите“.