Кога најмладиот член на семејството Китли пристигна дома од училиште, тој веднаш сфати дека нешто не е во ред.
Семејното куче било пред куќата, еден прозорец бил целосно скршен и тоа го исплашило многу. Му било јасно дека некој провалил во нивниот дом, и додека се приближувал, слушнал чудни звуци и сфатил дека провалникот се уште е внатре.
И се јавил на мајка му и кажал што се случи и додал дека мириса чудно.
Мајка му веднаш повикала полиција и кога полицајците дошле да истражат за што станува збор, биле поздравени од сцената за која не се надевале.
Во тоалетот на домот на семејството Китли, провалник тврдо спиел. Но, тоа не била единствената работа што ги изненадила.
Провалникот бил јарец, кој, очигледно, бил многу уморен од чинот на провалување па морал да легне. Најлошото допрва следело. Полицајците се бореле да го извлечат јарецот од тоалетот затоа што тој во почетокот не сакал да соработува.
По неколку часови, јарецот бил надвор, а семејството било безбедно од овој „ужасен“ провалник кој, за среќа, не бил повреден при провалувањето.